Автомобил се заби во столб, загина сопатник


Еден загинат и двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што во саботата околу 20 часот се случи на локалниот пат Струмица – Просениково. Полицијата соопшти дека П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „фолксфаген шаран“ со струмички регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, изгубил контрола над возилото, удрил во бетонски столб и метална врата од дворот на поранешен објект на Македонската радио дифузија.

„Во незгодата сопатникот М.М. (35) од Струмица се здобил со тешки телесни повреди, и на пат за Медицински центар Струмица им подлeгнал на повредите. Возачот П.А. и другиот сопатник Р.А. се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица“, соопшти Министерството за внатрешни работи.