Кутињо ќе добие медал од ЛШ, иако го напушти Ливерпул


Фудбалерот Филипе Кутињо, кој во јануари премина од Ливерпул во Барселона за 142 милиони фунти, ќе биде меѓу оние кои ќе добијат медал од англискиот клуб по финалето на Лигата на шампионите (ЛШ). Трансферот на Кутињо од Ливерпул во Барселона беше една од најголемите саги оваа сезона. Бразилскиот фудбалер сакаше да си замине од „Енфилд“ …

Кутињо ќе добие медал од ЛШ, иако го напушти Ливерпул Read More »

Солзи на финалето: Ѓер одново кобен за ЖРК Вардар


Ѓер доби уште една европска битка со ЖРК Вардар. И не било каква туку за најпрестижниот клупски трон. Унгарскиот тим ја одбрани титулата во Лигата на шампиони по новата тесна победа (27:26) над континенталниот вицепрвак во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта. Конечниот исход во „Ласло Пап арена“ и овојпат го дадоа двете петминутни продолженија …

Солзи на финалето: Ѓер одново кобен за ЖРК Вардар Read More »

Реприза на минатогодишното финале во ЛШ: Вардарки им закажаа реванш на Ѓер


Ракометарките на ЖРК Вардар супериорно ја минаа првата пречка на патот кон освојување на првата титула во Европската лига на шампиони. Тие со 25:19 ја совладаа екипата на Ростов Дон, во меч кој во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Најефикасни во тимот на вардарки беа Лекиќ и Пенезиќ со по седум гола, …

Реприза на минатогодишното финале во ЛШ: Вардарки им закажаа реванш на Ѓер Read More »

Зидан: Реал никогаш не се предава, тоа е во нашето ДНК


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан обезбеди трет последователен пласман во финалето на Лигата на шампионите и на 26 мај во Киев ќе го предводи клубот против победникот од натпреварот помеѓу Ливерпул и Рома. – По паузата ја подобривме нашата игра. Брзиот гол ни ја врати самодовербата. Реал никогаш не се предава, тоа е во …

Зидан: Реал никогаш не се предава, тоа е во нашето ДНК Read More »

ПСЖ прв патник на ракометниот Ф4 во Келн


Ракометарите на Пари Сен Жермен го добија и реваншот од четвртфиналето со Киелце и први изборија пласман на „Фајнал Фор“ турнирот од ЕХФ Лигата на шампионите. ПСЖ во реваншот го совлада полскиот првак со 35:32 и со вкупни 69:60 одат во келн. Во другите четвртфинални пресметки играат: Вардар Кил (прв натпревар 29:28 за македонскиот и …

ПСЖ прв патник на ракометниот Ф4 во Келн Read More »

Реал најверојатно останува без Рамос и за првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите


Капитенот на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Серхио Рамос, може да биде казнет за првата средба на „кралевите“ од полуфиналето во Лигата на шампиони. Причината за ова е дека шпанскиот репрезентативец слезе до тунелот на „Сантијаго Бернабеу“ за време на драматичниот реванш-меч со Јувентус, кој домаќинот го загуби со 1:3. Тој дури си дозволи …

Реал најверојатно останува без Рамос и за првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите Read More »

Џерард: Сега никој не го сака Ливерпул за противник


Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард искажа многу пофалби до тимот на Јирген Клоп кој го елиминира Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите. – Сега ниту еден од трите потенцијални ривали нема да сака да се падне со Ливерпул во полуфиналето. Навивачите на „црвените“ веруваат во играчите и во менаџерот и се оптимисти …

Џерард: Сега никој не го сака Ливерпул за противник Read More »

Зидан: Би се радувал повеќе на титулата во Ла Лига, отколку во ЛШ


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека би се радувал повеќе на титулата во Примера, отколку на третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите. Според францускиот тренер, освојувањето на шпанскиот шампионат е најтешка задача. Зизу додаде дека нема друго објаснување зошто неговиот Реал е поуспешен во Европа отколку на домашната сцена. – Немам објаснување …

Зидан: Би се радувал повеќе на титулата во Ла Лига, отколку во ЛШ Read More »

Повредата на Салах не е сериозна, но ќе го пропушти дуелот против Евертон


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, се повреди на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити и најверојатно ќе го пропушти само дуелот против Евертон. Салах го напушти теренот во второто полувреме на натпреварот против Сити, но по деталните прегледи било утврдено дека не станува збор за потешка повреда. Поголем проблем за Ливерпул претставува …

Повредата на Салах не е сериозна, но ќе го пропушти дуелот против Евертон Read More »

Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите


Милан речиси сигурно нема да може да се врати во Лигата на шампионите во текот на летото. „Росонерите“ одиграа 0:0 со Интер во реприза на „Дерби дела Мадонина“ од 27-то коло од Серија А. Ремито ги остави „црвено-црните“ на осум поени од нивниот вечен ривал, кој го зазема последното четврто место, кое носи пласман во …

Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите Read More »

Вардар против Висла ќе брка директно четвртфинале


Ракометарите на Вардар го доживеаја вториот пораз во годинешната Лига на шампионите откако пред малку загубија минимално на гостувањето во Нант со 27-26 (18-12). „Црвено-црните“ проиграа дури пред крајот на мечот кога се доближија на два гола, но по една сомнителна судиска одлука во корист на домаќинот, немаше простор за враќање. Најефикасни во редовите на …

Вардар против Висла ќе брка директно четвртфинале Read More »

Прв пораз на Вардарки во Европа


Ракометарките на Вардар попладнево на гостувањето кај Мец во Франција загубија со 24:22 и го претрпеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите. Вардарки ќе играт во четврт-финалето на ЛШ без оглед на денешниот пораз, а на македонскиот шампион во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност, ќе …

Прв пораз на Вардарки во Европа Read More »

Осминафинале во ЛШ: Севилја и Манчестер Ј. единствени без голови


Фудбалерите на Севилја и на Манчестер јунајтед се единствените кои одиграа без погодоци во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони. Најзаслужен за тоа беше Де Хеа кој со неколку одлични интервенции ги спаси „ѓаволите“ од пораз во шпанската покраина Андалузија. Но, затоа голови имаше во Харков каде Шахтјор ја совлада Рома со 2:1. Калчолигашот …

Осминафинале во ЛШ: Севилја и Манчестер Ј. единствени без голови Read More »

Фудбалска Лига на шампиони: Меси како спасител на Барселона во Лондон, Баерн го понижи Бешикташ


Баерн ја оправда фаворитската улога против Бешикташ и со пет гола предност ќе патува на возвратниот дуел во Истанбул во осминафиналето во Лигата на шампиони. По два гола за Баварците постигнаа Томас Милер (43’, 66’) и Роберт Левандовски (79’, 88’), во листата на стрелци се додаде и Кингсли Коман (53’). Турскиот претставник беше комплетен на …

Фудбалска Лига на шампиони: Меси како спасител на Барселона во Лондон, Баерн го понижи Бешикташ Read More »

Запрена серијата на шампионите: Барса го совлада Вардар


Европскиот шампион Вардар го претрпе првиот пораз во ракометната Лига на шампиони оваа сезона. „Црвено-црните“ изгубија со 29:28 на гостувањето од Барселона со што ја прекинаа победничката серија. Најефикасен на мечот беше Даинис Криштопанс со седум гола, Циндриќ постигна пет, а кај Барселона Жалуз предводеше со шест. Арпад Штербик забележа 14 одбрани, кои сепак на крајот …

Запрена серијата на шампионите: Барса го совлада Вардар Read More »

Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Реал М. против ПСЖ, Челзи со Барселона


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со ПСЖ, додека Челзи за противник ја доби Барселона во двете мега пресметки од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување. Ова е епилогот по денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација каде беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Двојки за осминафинале во ЛШ: Јувентус – …

Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Реал М. против ПСЖ, Челзи со Барселона Read More »

Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон


Спортинг Лисабон му нанесе седми пораз на Металург во Лигата на шампиони во оваа сезона. Португалскиот состав го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:27 (полувреме 12:15) во натпревар од десеттото, последно, коло во групата Д. Домашниот ракометар Пасарин беше најефикасен на натпреварот со седум гола. Најголема поддршка притоа имаше од Марцо и Портела кои постигнаа …

Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон Read More »

Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони


Актуелниот европски и македонски шампион Вардар делуваше моќно на вечерашниот дуел со шведски Кристијанштад завршувајќи ја 2017 година со убедлив триумф од 31:15. За „црвено-црните“ ова беше осма победа во 10. настап сезонава во Лигата на шампионите. Отпорот на Швеѓаните во СЦ „Јане Сандански“ траеше само тринаесетина минути, по што проработи вардаровиот напад, а одбраната …

Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони Read More »

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ


Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч. Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко. „Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната …

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ Read More »

ПСЖ го демолира Селтик


Натпреварите од 5. коло од Лигата на шампионите ги одбележа високата победа на ПСЖ од 7-1 во дуелот против Селти. По два голови постигнаа Нејмар и Кавани, а еднаш во листата на стрелците се запишаа Верати, Алвеш и Мбапе, кај гостите погоди Дембеле и тоа во првата минута. Манчестер Јунајтед продолжува со лошаат сезона, вечерва …

ПСЖ го демолира Селтик Read More »