Запрена серијата на шампионите: Барса го совлада Вардар


Европскиот шампион Вардар го претрпе првиот пораз во ракометната Лига на шампиони оваа сезона. „Црвено-црните“ изгубија со 29:28 на гостувањето од Барселона со што ја прекинаа победничката серија.
Најефикасен на мечот беше Даинис Криштопанс со седум гола, Циндриќ постигна пет, а кај Барселона Жалуз предводеше со шест. Арпад Штербик забележа 14 одбрани, кои сепак на крајот не беа доволни
Вардар останува на чело на групата со бод предност пред Нант, кој денеска славеше на гостувањето против Кристијанштад со резултат 26-31.
Во следното коло „црвено-црните“ на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Пик Сегед на 18 февруари.