Фудбалска Лига на шампиони: Меси како спасител на Барселона во Лондон, Баерн го понижи Бешикташ


Баерн ја оправда фаворитската улога против Бешикташ и со пет гола предност ќе патува на возвратниот дуел во Истанбул во осминафиналето во Лигата на шампиони. По два гола за Баварците постигнаа Томас Милер (43’, 66’) и Роберт Левандовски (79’, 88’), во листата на стрелци се додаде и Кингсли Коман (53’).

Турскиот претставник беше комплетен на „Алијанц арена“ во Минхен само 15 минути по што соиграчите на цедило ги остави Хрватот Вида кој доби црвен картон.

Челзи и Барселона одиграа без победник во дербито на „Стемфорд бриџ“. Вилијан во 62. минута ги поведе „сините“ во водство што го анулира Лионел Меси во 75. минута.