Осминафинале во ЛШ: Севилја и Манчестер Ј. единствени без голови


Фудбалерите на Севилја и на Манчестер јунајтед се единствените кои одиграа без погодоци во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони. Најзаслужен за тоа беше Де Хеа кој со неколку одлични интервенции ги спаси „ѓаволите“ од пораз во шпанската покраина Андалузија.

Но, затоа голови имаше во Харков каде Шахтјор ја совлада Рома со 2:1. Калчолигашот поведе во 41. минута со погодокот на турскиот интернационалец Ундер на што домашните возратија со два погодока во вториот дел. Најпрво израмни Фереира во 52. минута, а Фред со фантастичен гол од слободен удар го комплетира пресврот и обезбеди каква-таква залиха за својата екипа пред возвратниот натпревар на „Олимпико“ во Рим.