Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите


Милан речиси сигурно нема да може да се врати во Лигата на шампионите во текот на летото.

„Росонерите“ одиграа 0:0 со Интер во реприза на „Дерби дела Мадонина“ од 27-то коло од Серија А.

Ремито ги остави „црвено-црните“ на осум поени од нивниот вечен ривал, кој го зазема последното четврто место, кое носи пласман во ЛШ.

До крајот на сезоната има само осум кола, но освен „нероазурите“ и Лацио имаат предност од шест бода во битката за четвртото место.

Дуелот беше одложен на 4 март, откако капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина во сон.