Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните. Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за …

Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност Read More »

Бугарија се согласи на кусото име Северна Македонија


  Само што се видоа, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков се договорија околу едно од спорните прашаења. На заедничката прес-конференција тие објавија дека се договориле Бугарија веќе да не се противи на употребата на скратеното име Северна Македонија и да не инсистира на употреба само на официјалното „Република Северна Македонија“. Тоа беше …

Бугарија се согласи на кусото име Северна Македонија Read More »

(Видео) Прес на Ковачевски и Петков


Денеска, 18.01.2022 година (вторник) во 11:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков, во рамки на неговата официјална посета во Скопје. tNofhlaf4bK”>Линк до видео од прес-конференцијата на македонски јазик

Ковачевски и Петков на тет-а-тет средба


Премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков претпладнево имаат тет-а-тет средба во Владата, согласно агендата за еднодневната официјална посета на бугарската делегација во државава. Одделни средби имаат и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и …

Ковачевски и Петков на тет-а-тет средба Read More »

Новите министри ги презедоа функциите, премиерот најавува посветеност на клучните прашања за граѓаните


На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека секоја минута ќе ја посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните. Првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните. Тоа го најави и Ковачевски …

Новите министри ги презедоа функциите, премиерот најавува посветеност на клучните прашања за граѓаните Read More »

Ковачевски и Петков најавуваат креирање иднина, ослободена од минатото


Оптимизам за нов почеток во обидите за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија пристигнува деновиве и од Скопје и од Софија. Новите влади на двете земји најавуваат нов почеток во преговорите за надминување на спорот, попрагматичен пристап и фокус најпрво на она …

Ковачевски и Петков најавуваат креирање иднина, ослободена од минатото Read More »

Фон дер Лајен до Ковачевски: Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада


Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен упати честитки до новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ. -Честитки до премиерот Ковачевски! Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада за да ги поттикнеме …

Фон дер Лајен до Ковачевски: Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада Read More »

Ковачевски е задоволен од министрите на ДУИ


Новиот премиер Димитар Ковачевски, околу одлуката досегашните министри од ДУИ повторно да бидат во Владата изјави дека тоа го сторил затоа што е задоволен од соработката која ја имал со нив додека ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии. „Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги дедел на кадри од одредена политичка партија или …

Ковачевски е задоволен од министрите на ДУИ Read More »

Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими премиерот  Димитар Ковачевски и членовите на Владата. Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ …

Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски Read More »

Ковачевски ја презеде од Заев премиерската функција


Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово во ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината …

Ковачевски ја презеде од Заев премиерската функција Read More »

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција


Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се …

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција Read More »

Ковачевски: Клучна цел ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст, приоритет заштита на стандардот


Мандатарот за нов премиер Димитар Ковачевски во воведнот експозе пред пратениците во Собранието истакна дека клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со забрзување на стапките на економски раст на среден рок од 2,5 отсто, на 5 отсто просечен раст, притоа …

Ковачевски: Клучна цел ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст, приоритет заштита на стандардот Read More »

Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски


По најавите на БЕГ дека нема пари за гас, а со тоа ни парно за скопјани, новиот мандарат Димитар Ковачевски објави дека цела грејна сезона ќе обезбедат греење во главниот град. – Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како …

Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски Read More »

Мицкоски бараше дуели со Заев, сега поставува услови за средба со Ковачевски


  Во македонската политика често има обид од една капка да се направи бура. Така и со последната изјава на мандатарот Димитар Ковачевски дадена во интервјуто за Телма, дека по изборот на новата влада ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за средба. На неа, според зборовите на Ковачевски, би се разговарало за …

Мицкоски бараше дуели со Заев, сега поставува услови за средба со Ковачевски Read More »

Владата на Ковачевски ќе брои 21 член


Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе – министер без ресор, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и Зоран Заев. Никола …

Владата на Ковачевски ќе брои 21 член Read More »

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа


Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. -Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од …

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа Read More »

Ковачевски очекува да изгради пријателски односи со Петков


  Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски е подготвен да отвори нова страница во односите со Бугарија за време на посетата на Кирил петков и очекува да изгради конкретен и пријателски однос со бугарскиот премиер. Ковачевски во интервју за МИА вели дека очекува со петков во Скопје да ги утврдат основите за натамошните …

Ковачевски очекува да изгради пријателски односи со Петков Read More »

Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство


Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација. – Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, …

Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство Read More »

Ковачевски планира да ја предложи Владата околу 10-11 јануари


Претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски планира Владата да ја предложи околу 10-11 јануари идната година, односно во пократок рок од уставно предвидениот. Во интервју за Канал 5 вечерва Ковачевски додаде дека принципот на одговорност ќе биде одлика на управувањето. – Технократскиот начин на управување обично се поврзува со цврста рака на владеење, меѓутоа …

Ковачевски планира да ја предложи Владата околу 10-11 јануари Read More »

Ковачевски го доби мандатот, сега треба да ја состави владата


  На пригодна церемонија во вилата „Водно“ шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот за составување влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со што почна 20-дневниот рок за формирање на новиот кабинет. Пендаровски рече дека мандатот го дава на Ковачевски врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот …

Ковачевски го доби мандатот, сега треба да ја состави владата Read More »