Туморот што ги убива Бугарите и Македонците


(Колумна за Дојче веле) Повеќе денови сум под силна импресија од брилијантниот и храбар текст на бугарскиот политиколог и универзитетски професор Евгениј Дајнов објавен во бугарскиот весник „Дневник“. Оксфордскиот дипломец Дајнов извршил вивисекција, прецизна хируршка операција на жив организам, прикажувајќи ја комплетната анатомија на едно злосторство на политиката врз сопствениот народ. Го открил туморот што ги …

Туморот што ги убива Бугарите и Македонците Read More »

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија


(Колумна за Дојче веле) Специјалната операција на ВМРО-ДПМНЕ за спасување на Македонија од „катастрофалната власт“ имаше лош старт со блокадата на Собранието. Како што и се предвидуваше, не се случи ништо досега невидено, неприменето, а секогаш неуспешно, докажано низ практиката и досегашните искуства. Нова е само додавката „активна“, што ја означува старата добро позната доктрина …

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија Read More »

Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе


(Колумна за Дојче веле) Со голема професионална љубопитност, но и со загриженост го очекувам 10 мај, денот кога истекува ултиматумот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за договор за предвремени избори. Откако експресно доби одговор дека редовни избори ќе има во 2024 година, оти сега имало поважни работи од битки за власт, веќе нема …

Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе Read More »

Е, ова е нова бугарска административна окупација


(Колумна за Дојче веле) Мостот што Македонија го гради макотрпно дење кон Бугарија за премостување на  историски надојдените води, ноќе под закрила на темницата бугарските мрачни сили го уриваат. Се фрла во матната секој сантиметар мака и жртва на македонскиот народ и држава. Така, повеќегодишното вето со воскреснувањето на Ванчо Михајлов во Битола прерасна во нова …

Е, ова е нова бугарска административна окупација Read More »

Како голтарите станаа милионери


(Колумна за Дојче веле) Кога го видов насловот „Политичарите голтари станаа милионери“ објавен во речиси сите медиуми, изведен од изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прво што помислив, еве една вистинска опозициска тема од највисок државен интерес која ја џвакаме и преџвакуваме најчесто безуспешно цели 30 и кусур години.  За жал, изненадувањето за „храброста“ …

Како голтарите станаа милионери Read More »

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров


(Колумна за Дојче веле) Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања на Бугарија и на Македонија, во екот на руската инвазија врз Украина испука една силна пропагандна ракета кон Скопје, Вашингтон, Брисел и еден проектил на пристојна одалеченост од својот премиер Кирил Петков, колку за опомена да внимава што работи. …

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров Read More »

Послушните ќе го уништат светот


(Колумна на Дојче веле) „Можно е, па дури и веројатно, дека човечкиот род ќе ја уништи цивилизацијата, а можеби и целиот живот на земјата, во следните пет до десет години. Нема никаква рационалност ниту пак смисла во сето тоа. Но, факт е дека денес, додека од технички аспект живееме во атомско доба, повеќето луѓе – …

Послушните ќе го уништат светот Read More »

Кројачницата на Мицкоски за брзи избори


Последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се објаснува зошто се потребни предвремени парламентарни избори, конечно ги расчисти сите дилеми за неопходноста за брза промена на власта. Тоа е единствениот ефикасен начин да се спречи премиерот Димитар Ковачевски да краде. Кога ќе дојдат на власт ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, предводени од новиот премиер Христијан Мицкоски, во …

Кројачницата на Мицкоски за брзи избори Read More »

Единство бараат оние кои ги сеат поделбите и омразата


(Колумна за Дојче веле) Кога човек има илјада гајлиња, како да нема ниедно. И онака не можете ништо да поправите. Една дупка ако затворите, од сите други тече. Кога пак државата има милион проблеми, наместо да се нервирате, обидете се од еден друг, повесел агол да си олесните читајќи и гледајќи глупости. Така грижите, барем …

Единство бараат оние кои ги сеат поделбите и омразата Read More »

Телефонски именик на починати


(Колумна за Дојче веле) Престанав да го пребарувам мојот телефонски именик на мобилниот откако добив неколку пораки од мои починати пријатели и драги луѓе. Знаете, она „hi“ на вибер. Тоа функционира по некаков автоматизам понатаму и кога луѓето ќе заминат на оној свет. Ужаснат од помислата да ги избришам брзо се откажав, ми дојде како …

Телефонски именик на починати Read More »

Визијата на Црвенковски за иднината на Македонија


(Колумна за Дојче веле) Одамна познатата дијагноза за состојбата на тешко болниот на Балканот, малку терапија, многу политика, а и политиканство, малку наука, уште помалку државништво, многу суети и мудрување, празна реторика, ни малку визија и храброст за иднината на Македонија. Ова е мојотв печаток од поздравните говори на претседателот на МАНУ и на поранешните претседатели на …

Визијата на Црвенковски за иднината на Македонија Read More »

Моралните оставки и неморалните прозивки


Ужасната трагедија во Тетово, во која загинаа 14 луѓе кои се лечеа од корона вирусот во модуларната болница и истрагата за причините зошто тоа се случи уште додека траат деновите на жалост станаа помалку значајна тема од оставката на министерот Венко Филипче, како и за оставките на заменикот министер и директорите на клиниката во Тетово. …

Моралните оставки и неморалните прозивки Read More »

Ако не избереш вакцина, ќе те избере вирусот


Три пати со неверица морав да ја препрочитам информацијата дека некој ги оштетил бакарните цевки за довод на кислород во тетовската болница, доведувајќи ги во опасност животите на 120 пациенти. Не била ни несолена хумореска, ни црн хумор, туку страотна вистина. Одговорните од болницата велат дека била голема среќа што не е пресечена главната цевка, …

Ако не избереш вакцина, ќе те избере вирусот Read More »

 Драга, не биди педер


ЕРОЛ РИЗАОВ „Ако има шта да се спашава, немој да идеш, не буди шашава, полазиш ка вратима кључ ти је у рукама неодлучан ход, држим ти палчеве и навијам за тебе спушташ торбу на под. О драга, не буди педер“   „Рибља чорба“, 1982   Можев до некни оваа строфа од стара песна на Бора …

 Драга, не биди педер Read More »

Не мешајте се со трици, ќе ве изедат свињите


ЕРОЛ РИЗАОВ Татко ми, лесна му земја, одамна е на оној свет, преку ноќ осиромашен бег, беше олицетворение на добрина и мудрост, со добри манири, само тоа му остана по револуционерните закони кога дојдоа времиња да се има, па да се нема. Омилени му беа укажувањата со народни поговорки и мудрости. Зборуваше без грам горчина, …

Не мешајте се со трици, ќе ве изедат свињите Read More »

Северџан е сакана душа


ЕРОЛ РИЗАОВ Тие што го употребуваат зборот сeверџан(и) за да означат предавници на татковината кои го сменија името на државата и идентитетот на народот библиски, најверојатно никогаш не би го употребиле тој збор доколку знаат што значи. Северџан е турско име составено од два збора север (сака) и џан (душа), што според најблиско толкување би …

Северџан е сакана душа Read More »

Исчистете го плевелот и прекопајте го лозјето


ЕРОЛ РИЗАОВ Ако политичарите се договорат да ги одбранат граѓаните и државните интереси со тоа што ќе им овозможат на судството и на надлежните институции непречена работа во борбата против криминалот, како што тоа го прават успешно криминалците кога се договараат да ги ограбуваат и државата и граѓаните, тогаш Македонија ќе цвета. Ако, пак, моќни …

Исчистете го плевелот и прекопајте го лозјето Read More »