Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме


Премиерот Христијан Мицкоски вози со „пета и шеста“ брзина во изградба на инфраструктурата. Ја „откочил заглавената кола“ како што вели, од претходните влади и сега преку ноќ никнуваат километри автостради и брзи пруги, гасоводи, мостови и тунели, вијадукти. Се поместуваат планини и долини. Сѐ она што се проектирало пред децении и се гради повеќе од …

Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме Read More »

Зошто се извини Мицкоски?


Кога нашиот премиер Христијан Мицкоски размислува секогаш паѓаат генијални идеи. Кога, пак, претскажува големи потфати без да размислува, тие се уште подобри, би рекол ингениозни и историски кои остануваат во колективното памтење. За неки негови визии за иднината на Македонија тешко е простосмртен човек со скромен умствен капацитет да одреди дали се само еднодневно генијални, …

Зошто се извини Мицкоски? Read More »

Моралната одговорност не се мери на избори


Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае разликата меѓу политичка, морална и кривична одговорност. Како лидер на опозицијата илјадници пати јавно побарал оставки и одговорност за „велепредавствата на државните и национални интереси“, за корупција и организиран криминал, за трагедии кои се случиле за време на претходната власт. Денес кога од него се бара оставка Мицкоски …

Моралната одговорност не се мери на избори Read More »

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи


Транспарентната влада не објави информација дали премиерот Христијан Мицкоски ги добил двете илјадарки што му ги остави на улица таткото на загинатиот музичар во трагедијата во Кочани. Парите беа наменети да купи 62 свеќи и да оддаде почит на сите што го загубија животот во кочанскиот крематориум. Порaката не беше ни политичка, ниту партиска, а …

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи Read More »

Македонија најбогата на Балканот


Треба да се упатат јавни честитки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски, со должно извинување за критиките, бидејќи Македонија навистина ќе биде  најбогата на Балканот, како што ни вети премиерот со радосната вест директно од Америка од првиот ред на приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп. По скромната милијарда на унгарскиот …

Македонија најбогата на Балканот Read More »

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски


Ќе престанат ли премиерот Мицкоски и владините министри конечно со лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во Европската унија и дека и натаму евроинтеграцијата останува најголемата и цел на оваа власт. Нивната највисока  определба е партискиот интерес, а тоа е да победат на локалните избори и да освојат апсолутна власт и да …

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски Read More »

Без морални оставки нема правда за трагедијата во Кочани


Без привремена непартиска експертска влада не е можна непристрасна истрага и конечна правда за виновниците кои ја предизвикаа и кои не ја спречија трагедијата во Кочани. За тоа да се случи неопходни се две  морални оставки и една во заштита на правосудниот систем. Прво, на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, …

Без морални оставки нема правда за трагедијата во Кочани Read More »

Влеговме во ерата на „мицковизмот“


Кога пратеник на седница на Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски врз која основа јавно се заканува дека „ќе ги влече за уши“ обвинетите за криминал, Мицкоски му довикна – „според мој закон“. Нашиот крал Сонце ги достигна царските височини кога во парламентот ги  извика овие три збора. Премиере, недостасуваше да замените само еден збор, …

Влеговме во ерата на „мицковизмот“ Read More »

Кога мажите плачат во Кочани


Секогаш кога одам во мојот роден град нешто ми затреперува во срцето. Ме обзема некоја топлина, некое необјасниво чувство на возбуда, цела галерија на слики од најраното детство. Во Кочани ги паметам сите ридови и долови, камењата и ѓоловите во реката, која некогаш беше поголемка од сегашното поточе што тече низ градот. Добро се сеќавам …

Кога мажите плачат во Кочани Read More »

Новото нормално стана ненормално


Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го …

Новото нормално стана ненормално Read More »

Пријател и непријател со Америка


Во светските медиуми од многу агли „за“ и „против“ се анализира говорот во Европскиот парламент на познатиот економист Џефри Сакс на најактуелната тема во светот „Геополитика на мирот“ посветена на војната во Украина. Не навлегувајќи во разните аспекти на говорот за кој се искажуваат спротивставени  мислења – од импозантен, до проблематичен – вниманието ми го …

Пријател и непријател со Америка Read More »

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет


Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може  да прогласуваат …

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет Read More »

Доста плачете, донесете решенија


Дали Македонија сака да биде членка на ЕУ е сосема непотребно прашање ако се земат предвид стотици досегашни анкети на јавното мислење направени во изминатите  години, повеќе од три децении. Граѓаните на Македонија дури во поголем процент од повеќето земји членки на Унијата постојано, со мали осцилации од неколку проценти,  се определени за припадност на …

Доста плачете, донесете решенија Read More »

За што е загрижен премиерот Мицкоски


Во македонскиот јазик кога ќе кажете – гајле ми е, или – не ми гајле, тоа е едно те исто. Има подеднакво значење. Кога премиерот Христијан Мицкоски ќе каже јасно и гласно дека не е многу  загрижен што светски компании најавуваат дека ќе си заминат од Македонија, или ќе отпуштат 500,  или повеќе илјади работници, …

За што е загрижен премиерот Мицкоски Read More »

Убиствата на булеварот на смртта


Пред земјотресот живеевме на улицата „Народен фронт“, карши некогашната злогласна „Криминална полиција“ , така ја викаа. Денес тоа е улицата „Наум Наумовски – Борче“. Нашата куќа, како и стотици други се наоѓаа, или пак им беше дворно место, сегашниот булевар „Партизански одреди“. Кога сето тоа се разурна и луѓето ги раселија по новите населби, осамна …

Убиствата на булеварот на смртта Read More »

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот


Морав неколку пати да препрочитувам две неверојатни изјави едната на премиерот Христијан Мицкоски, другата на 497 полицајци дадена при нивната заклетва пред стапување на професионална должност. За жал, а циниците ќе кажат за среќа, двете поминаа глуво во јавноста, иако се работи за историски значајни  работи. Прво, да ја споделам изјавата на премиерот Мицкоски која …

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот Read More »

„Изгубени германци“ во Вашингтон


Чопоративното патешествие на македонската делегација на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ми заличи на една приказна за „изгубените германци“ што ја овековечи во култна драма Дејан Дуковски. Во Македонија имало измислен многу богат рудник. Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на …

„Изгубени германци“ во Вашингтон Read More »

Ќе му намигне ли Трамп на Мицкоски


Голема помпа од фалби се крена за поканата на нашиот премиер Христијан Мицкоски да присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Бил единствен од регионот што му била искажана  таква чест. Тоа е од огромно значење за иднината на Македонија ќе јават на сите sвона партиските и медиумските пропагандисти на власта. Фактот што досега …

Ќе му намигне ли Трамп на Мицкоски Read More »

Што ќе ни се случува во годината на змијата?


Според источниот, или како обично се нарекува кинескиот календар, влегуваме во годината на змијата. Не е прецизирано дали се работи за обична водена змија, отровница мамба, поскок, кобра, или пак за смок, или голем питон. Источните астролошки толкувања предвидуваат дека 2025 ќе биде година на остриот ум, на лукавството, на сензуалноста и скриената моќ. Ќе …

Што ќе ни се случува во годината на змијата? Read More »

Артан Груби ќе се врати…


Со денови гледаме повозбудлива сапуница од турските серии, дали и кога ќе се врати бегалецот Артан Груби. Штом премиерот Христијан Мицкоски дава гаранција за фер судење еден убав сончев ден Артан Груби ќе се врати да докаже дека е „чист како солза“, или судот да докаже дека е виновен. Има само еден мал предуслов да се …

Артан Груби ќе се врати… Read More »