Некогаш тоа беше најдобрата професија на светот


Славните писатели, нобеловците Габриел Гарсија Маркес, Албер Ками и Ернест Хемингвеј, тројцата врвни новинари, секој на свој начин се има искажано дека новинарството е најдобрата професија на светот. Маркес директно, не така одамна, со зборовите „новинарството е најдобрата професија на светот“ останувајќи до крајот од животот оддаден на новинарството. Албер Ками индиректно, но доволно јасно …

Некогаш тоа беше најдобрата професија на светот Read More »

Кој ќе ги стави Бугарите во Уставот – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?


Македонските Бугари секако ќе влезат во Уставот, како и сите делови од народи кои живеат во Македонија. Прашањето не е дали тоа ќе се случи, туку кога ќе се случи. За време на владата на СДСМ, или на ВМРО-ДПМНЕ, или пак двете политички партии заедно со своите коалициски партнери тоа ќе го направат што побрзо, …

Кој ќе ги стави Бугарите во Уставот – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ? Read More »

Имаме ли јасна претстава каде припаѓаме


Секогаш кога Хрватска ќе направи чекор напред во својата европеизација се присетувам на еден настан кој се случи пред повеќе од 20 години. Колегата новинар на загрепски „Вјесник”,  Александар Милошевиќ, во својство на хрватски амбасадор во Македонија, на една од нашите седенки во „Камин Чамо“ ми понуди хрватски пасош. Тоа беше симпатична провокација дека Хрватска пред …

Имаме ли јасна претстава каде припаѓаме Read More »

Ја попречи ли Апелацискиот суд правдата?


Секогаш кога ќе потсетевме, за никогаш да не се заборави, на најголемото зло во поновата историја на независна Македонија, најжестоките критики ни беа упатени во стилот – аман бе уште ли ќе ја замајувате јавноста со таа афера за прислушувањето. Дури и добронамерните укажувања одеа во насока – било па поминало, осудени се луѓето, гледајте …

Ја попречи ли Апелацискиот суд правдата? Read More »

Паразити, крлежи и други гадинки


Кои се најголемите криминалци, најкорумпирани политичари, кои се паразитите, крлежите и разните гадинки и крвопии поради кои граѓани на Македонија живеат во сиромаштија и мизерија? Партиските врвови на најголемите парламентарни политички партии, кои над три децении наизменично и подеднакво се во власта, или во опозиција, сеедно, секојдневно ја бомбардираат јавноста со меѓусебни обвинувања кој повеќе …

Паразити, крлежи и други гадинки Read More »

Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ


Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две  реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите …

Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Кој води антиевропска политика во Македонија?


Обвинувањата на опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Левица, дека власта, СДСМ и ДУИ, водат антиевропска политика може да биде добра вест доколку е искрена и означува почеток на политичката борба за побрзо и поуспешно остварување на обврските кои произлегуваат од преговорите на Македонија со ЕУ. Тоа би бил голем пресврт по долгогодишните јалови, штетни и многу често подземни …

Кој води антиевропска политика во Македонија? Read More »

Ковачевски да му бакне рака на Мицкоски


(Колумна за Дојче веле) Да бев на местото на премиерот Димитар Ковачевски ќе појдев во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му бакнев рака на Христијан Мицкоски да ми ја каже волшебната формула како ќе ја спаси Македонија оваа и наредната година од енергетска криза и притоа државата да заштеди 300 милиони евра. По јавната …

Ковачевски да му бакне рака на Мицкоски Read More »

Целосна блокада на умот


  Во период кога на Македонија ѝ е неопходен широк консензус, заеднички ставови на релевантните политички партии и лидери, интелектуални и деловни елити и на мнозинството граѓани, за обврските кои произлегуваат од преговорите за членство во ЕУ, се навестува целосна блокада на парламентот. Ваквиот заговор на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица за минирање на работата на законодавниот …

Целосна блокада на умот Read More »

Да ги раскинеме ли договорите со Бугарија и со Грција?!


(Колумна за Дојче веле) Идеите за раскинување на договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција добија во својата жестина. Од поединечни критички настапи на јавни личности и пропагандни популистички партиски соопштенија и изјави, тие од ден во ден прераснуваат во сериозна закана за европската перспектива на Македонија. Не се во прашање само барањата на …

Да ги раскинеме ли договорите со Бугарија и со Грција?! Read More »

Ни доаѓа ли сибирска зима?


(Колумна за Дојче веле) Велат, последното гајле секогаш е најголемо. Пред најавите дека ни се заканува сибирска зима која влева страв во коските, се чини како први да „замрзнаа“ националните и идентитетски  проблеми со кои се заплашува Македонија од исчезнување. Некако многу брзо спласна стравот од асимилација и бугаризација на македонскиот народ, падна и адреналинот …

Ни доаѓа ли сибирска зима? Read More »

Не кријте се зад народот


(Колумна за Дојче веле) Евентуалниот референдум во овие околности во кои се наоѓа Македонија ќе ја блокира целосно нејзината европска, цивилизациска и просперитетна иднина. Црната и агресивна популистичка пропаганда за спасување на Македонците од наводната нивна бугаризација и асимилација ќе го даде поразителниот резултат без оглед какво и да е референдумското прашање. При ваква лажно …

Не кријте се зад народот Read More »

Спасоносното решение на академик Коцарев


(Колумна за Дојче веле) Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во својата анализа објавена во „Нова Македонија“ го понуди познатото и веќе објавено спасоносно решение кое ќе го спречи исчезнувањето на Македонците. Тој со научен пристап на претпоставки, потпирајќи се на „Орвел 1984“, во својата пародија го одреди точниот датум на исчезнување на сѐ што …

Спасоносното решение на академик Коцарев Read More »

Најдолгиот пат до Брисел


 (Колумна за Дојче веле) Половина македонска влада и една голема група од над 50 новинари и фоторепортери летнаа со грчки авион за Брисел. За кого како, но за мене во тоа има некоја симболика. Сабајлево истурив една кофа вода според добрите обичаи да им оди работата со лесно. Денес се одржува првата меѓувладина конференција со …

Најдолгиот пат до Брисел Read More »

Гори фитилот на бурето барут


(Колумна за Дојче веле) Креаторите на јавното мислење во Македонија можат да бидат задоволни. Добро подготвената операција за поделба и предизвикување тензии во јавноста за француско-европскиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ е успешно завршена. Фитилот на бурето барут е запален. Се чека експлозија со насилно соборување на владата, чин што веќе се одвива …

Гори фитилот на бурето барут Read More »

Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ?


Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал само десет години кога првпат е употребена многу примамливата митингашка крилатица: „Десио се народ“. Поради детската возраст тогаш, може и донекаде денес да му се прости што трипати во својот говор, величајќи го митингот пред владата, 35 години подоцна, ги употреби истите зборови кои беа предвесник на крвавиот распад …

Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ? Read More »

Востанието на Мицкоски може да почне


(Колумна за Дојче веле) Голем вознес и наплив на силен патриотизам ме обли денес кога во поштенското сандаче го најдов срцепарателниот историски повик за кревање на востание и уривање на предавничката власт, потпишано лично од спасителот на Македонија – Христијан Мицкоски.  Напишано по урнекот на Илинденското востание, Мицкоски како воскреснат Никола Карев повикува на ослободување …

Востанието на Мицкоски може да почне Read More »

МПЦ во мистиката на православието


(Колумна за Дојче веле) По одлуката на Српската православна црква да издаде акт, документ за признавање на автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија, веќе може да се каже дека Македонската православна црква, да се изразам со световен јазик, ги почнува „преговорите“ со сестринските православни цркви за признавање на целосна автокефалност. Колку ќе траат и колку вета со …

МПЦ во мистиката на православието Read More »

Туморот што ги убива Бугарите и Македонците


(Колумна за Дојче веле) Повеќе денови сум под силна импресија од брилијантниот и храбар текст на бугарскиот политиколог и универзитетски професор Евгениј Дајнов објавен во бугарскиот весник „Дневник“. Оксфордскиот дипломец Дајнов извршил вивисекција, прецизна хируршка операција на жив организам, прикажувајќи ја комплетната анатомија на едно злосторство на политиката врз сопствениот народ. Го открил туморот што ги …

Туморот што ги убива Бугарите и Македонците Read More »

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија


(Колумна за Дојче веле) Специјалната операција на ВМРО-ДПМНЕ за спасување на Македонија од „катастрофалната власт“ имаше лош старт со блокадата на Собранието. Како што и се предвидуваше, не се случи ништо досега невидено, неприменето, а секогаш неуспешно, докажано низ практиката и досегашните искуства. Нова е само додавката „активна“, што ја означува старата добро позната доктрина …

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија Read More »