СЗО: Не е познато влијанието на зимата и летото врз вирусот
Швајцарија – Не е јасно како ќе влијае доаѓањето на зимата на јужната хемисфера, односно летото на северната хемисфера, врз новиот коронавирус, изјави денеска во Женева извршниот директор на Светската здравствена организација за вонредни програми, Мајк Рајан.
Тој за време на онлајн прес-конференцијата истакна дека СЗО не знае како вирусот ќе се однесува и моментно нема податоци кои сугерираат дали тој ќе се однесува поагресивно или ќе се пренесува поефикасно.
Рајан нагласи дека засега не е јасно како ќе влијае пристигнувањето на летото на северната хемисфера врз инфекцијата.
– Не можеме да се потпреме на очекувањата дека сезоната или температурата ќе бидат одговор на ширењето на вирусот, порача Рајан.