Лајонел Ричи ќе настапи на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


Светската музичка ѕвезда Лајонел Ричи ќе настапи на концерт по повод дводневната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети, на 7 мај во замокот Виндзор, пишува весникот „Сан“.

Американскиот пејач е долгогодишен пријател и обожавател на британскиот крал (74) и е еден од амбасадорите на The Prince’s Trust, добротворна организација основана во 1976 година.

„Кралот ги почитува сите свои амбасадори и особено ја цени непоколебливата поддршка на Лајонел за принцовиот фонд“, изјави за британскиот таблоид извор од Бакингемската палата.

Влезниците за концертот ќе се делат по пат на лотарија, а 5.000 билети се наменети за граѓаните низ Велика Британија, а останатите 5.000 ќе бидат поделени на добротворни организации блиски до кралското семејство, како и на припадниците на војската.

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан во сабота на 6 мај во Вестминстерската палата, а службата ќе ја изведе надбискупот од Кентербери Џастин Велби.

На истиот ден ќе биде крунисана и сопругата на кралицата Камила.

Новокрунисаниот монарх потоа ќе се појави на балконот на Бакингемската палата.

Следниот ден ќе се одржи „Концертот за крунисување“ на кој ќе настапат светски музички ѕвезди, а во понеделник, 8 мај, јавноста ќе биде поканета да се вклучи во добротворната работа во локалните заедници, соопшти Бакингемската палата.