Свети Стефан на листата најзагрозени локации во Европа


Црногорскиот град-хотел Свети Стефан е на листата на седум најзагрозени европски локации за 2023 година. Наведени се уште шест локалитети, со различни функции, од сите епохи, а дури три се од регионот.

На листата на седумте најзагрозени локации во Европа, како што објави францускиот l’Opinion, се:

Железничка станица Кортријк, Кортријк, Белгија
Партизанските меморијални гробишта, Мостар, Босна и Херцеговина
Тврдината Чаквињи, Зугдиди, Грузија
Дом на сестрите, поранешна Моравска населба, Клајнвелка, Германија
Парк на статуи (Мементо парк), Будимпешта, Унгарија
Културен пејзаж на Св. Стефан, Паштровиќи, Црна Гора
Водовод Бистрица, Петровац на Млава, Србија

Се нагласува дека грузиската тврдина Чаквињи датира од 5 век п.н.е., како и културното значење на средновековните предели на Свети Стефан…

Списокот е резултат на иницијативата на Европа Ностра, паневропска мрежа за заштита на културното и природното наследство, поддржана од Европската комисија и Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Десет години селекцијата се прави врз основа на културното, локалното и европското значење, опасностите што се појавиле и нивниот потенцијал за економски и социјален напредок.