Сварете ја пченката за само 10 минути! Искусните готвачи откриваат неверојатен трик


Кој е најбрзиот начин да се свари пченка? Многу е лесно, потребни ви се дополнителни состојки кои веројатно ги имате дома.

Ако повеќе сакате варена отколку печена, имаме одличен трик за вас. Сè што треба да направите е да набавите цели кочанчиња пченка, а ние ќе ви го покажеме трикот како да ги подготвите дома буквално за 10 минути. Потребни ви се две намирници!

Ако сте од оние домаќинки кои лесно ги губат нервите при готвењето на пченката дома бидејќи целиот процес трае предолго, тогаш сигурно не знаете за овој трик. Дури и повеќето професионални готвачи не го знаат тоа, затоа не се обесхрабрувајте. Оваа „цака“ значително ќе ви заштеди време, а самата пченка ќе има уште подобар вкус!

Млеко и путер за варена пченка

Еве што треба да направите… Прво скршете ги или исечете ги пченките на парчиња, можеби и на половини. Ставете ги во тенџере, па покријте ги со вода. Кога водата ќе зоврие, истурете чаша млеко во тавата и додадете парче (големина од половина прст) путер.

Оставете сè да се вари околу 10 минути, па тргнете го од оган. На крајот посолете по вкус, додајте уште неколку зачини ако сакате „зачинети“ и уживајте!