Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев ги потпишаа свечените изјави во Судски совет


Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев денеска ги потпишаа свечените изјави во Судскиот Совет.

Судијката Дика Георгиевска ја потпиша изјавата за претседател на Апелацискиот суд Скопје, а судијката Снежана Манев за претседател на Основен суд Куманово.

Дика Георгиевска и Манев претходно ја извршуава функција вршител на должност во овие судови.