Судијата што го држеше во фиока предметот против Мијалков казнет со намалување на платата
Судијата Енвер Беџети од Апелацискиот суд во Скопје, кој го чуваше во фиока случајот „Таргет-Тврдина“ со кој ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затвор добил дисциплинска казна за намалување на платата за 20 отсто во наредните шест месеци.
Оваа одлука вчера ја донел Судскиот совет на седница на која покрај останатите точки било расправано и по извештаи за констатирана фактичка состојба по поднесени барања за поведување постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд.
Како што пишуваат дел од медиумите, станува збор за судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, кој се најде во фокусот на јавноста поради долгото чување во фиока на случајот „Таргет-Тврдина“.
Од секторот за односи со јавност на Судскиот совет посочија дека делот од седницата каде се расправало и одлучувало по поднесени барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд не бил отворен за јавноста.
За одлуката на Апелација за „Таргет-Тврдина“ се чекаше повеќе од девет месеци, колку што имаше поминато од изрекувањето на првостепената пресуда до објавувањето на одлуката на Апелацискиот суд Скопје за нејзино укинување. Првостепената пресуда Основниот кривичен суд Скопје ја изрече на 26 февруари 2021 година. Јавна седница во Апелација за жалбите се одржа во март 2022 година, а одлуката второстепениот суд ја донесе на 5 декември лани, но ја обзнани во јавноста дури 11 дена подоцна, односно на 16 декември.
Сите овие околности предизвикаа жестоки реакции кај обичната, но и кај стручната јавност, поради што Судскиот совет оформи работна група која изврши вонредна контрола во Апелацискиот суд. Освен „Таргет-Тврдина“, предмет на контрола беа и предметите „Трезор“, „Транспортер“ и случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Заклучоците од контролата беа презентирани на седница на Судскиот совет на 11 јануари и според нив Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини ги чувал предметите.ени се сложеноста на предметот, големиот доказен материјал и потребното подолго време за испитување и ценење на првостепената пресуда. Симптоматично е што во сите изјави се наведува дека од одржувањето на јавната седница до носењето на одлуката, судиите наведуваат дека во неколку наврати се состанувале за увид во предметот, меѓутоа работната група при контролата утврди дека нема записи за состанување на судечкиот совет. Од тие причини е констатирано дека нема образложени причини за поминувањето на толку долг период.
Инаку, во март годинава судијата Енвер Беџети, кој кариерата сакаше да ја продолжи во Врховниот суд, не ја доби потребната поддршка да биде избран за врховен судија. Поддршка добил само од четворица членови на Судскиот совет, додека осуммина гласале „против“ тој да биде избран за судија во највисокиот суд во државата.