Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Во 2023 година, светот доживеа рекордни температури во океаните низ целиот свет, кога морската вода беше значително потопла од просекот, покажуваат резултатите од новата студија објавена во научното списание „Science“.
Во неа се наведува дека дури 96 проценти од морињата и океаните низ целиот свет биле погодени од тој екстремен временски феномен, а брановите на топлотни шокови траеле во просек четирипати подолго од историски евидентираните.
Зголемените температури на површинските слоеви на океанската вода имаат значително влијание врз глобалната клима и временските услови, како и пошироки последици за морските екосистеми.
Како и на копно, топлотните бранови се случуваат во океаните секоја година, но 2023 година донесе ненадејно и исклучително интензивно зголемување на нивното времетраење и географска распределба, според студијата.
Како и на копно, топлотните бранови се случуваат во океаните секоја година, но 2023 година донесе ненадејно и исклучително интензивно зголемување на нивното времетраење и географска распределба, според студијата.
„Забележавме невидено зголемување на бројот и интензитетот на морските топлотни бранови“, рекоа авторите на студијата, посочувајќи на врската со климатските промени.
Топлинските бранови во морето веќе имаат сериозни последици – тие го загрозуваат морскиот живот, што доведува до масовна смртност и белење на коралните гребени, а овие промени го нарушуваат риболовот и ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со храна.