Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во – Крагуевац и Нови Сад

Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА.
Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад и од Ниш.
Студентите кои ги блокираат факултетите во Нови Сад ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на денешниот митинг на Плоштадот Слобода, каде ќе им оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Оддавањето почит ќе биде во 18 часот.
„Во тишина и заедништво ќе запалиме свеќи и ќе положиме цвеќе во знак на сеќавање“, наведоа новосадските студенти.
Претходно денеска студентите протестираа пред градското собрание и развирија транспарент на кој пишуваше „Седница на ден на жалост“, по што положија венец за загинатите во Кочани.
Денеска во Србија е Ден на жалост поради пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Инаку, претходно денеска, студентите кои ги блокираа факултетите во Белград денеска оддадоа 74-минутно молчење пред Амбасадата на Македонија за да им оддадат почит на 15-те жртви од уривањето на настрешницата во Нови Сад, како и на секоја жртва од пожарот во Кочани.
Молкот заврши со зборовите „Слава им“.
Студентите положија венци и запалија свеќи пред Амбасадата, а им се придружија и граѓани кои исто така оставија цвеќе и запалија свеќи.
Дипломатите од Македонија излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани.
Пред Амбасадата беше истакнат транспарент на кој пишуваше „Не бевме сами, бидејќи оние кои сакаат секогаш ги има многу повеќе“.
Сообраќајот пред Амбасадата беше прекинат, а по завршувањето на почитта, студентите се вратија на факултетите.
🇲🇰❤️🇷🇸 pic.twitter.com/VwEz6eWKLC
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) March 18, 2025
Студентите во блокада информираа дека денеска поради Денот на жалост и почитта кон жертвите денот ќе го поминат во тишина и ги повикаа граѓаните да не уќествуваат ов настани кои ќе предизвикуваат буќава.