Стопански Двор во Ѓорче Петров ќе добие нова градинка


Денеска во Владата на Република Македонија го потпишавме договорот за реализација на проектот за изградба на градинка во Стопански Двор со капацитет за околу 100 дечиња, објави првиот човек на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и објави видео како ќе изгледа новиот објект. 

– Една од нашите приоритетни заложби веднаш штом ја преземавме локалната власт беше да се намалат листите на чекање за упис во градинка во што полека, но сигурно, успеваме. Во руралниот дел на старт на мандатот имавме голем проблем со недостиг на капацитети за предучилишна возраст. Со реализацијата на овој проект, но и со градинката „Сонце“ во Волково која е веќе во функција, конечно го решаваме овој децениски проблем, порача Стојкоски. 

Вели, со овој чекор уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба како локална самоуправа да го направиме Ѓорче Петров поубаво место за живеење, модерно и урбано јадро.

– Владата, преку Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе и додели на Општина Ѓорче Петров 60 милиони денари за новиот објект. Ѓорче Петров продолжува да се развива, порача градоначалникот.