Стилски двобој во Холандија- Максима или Брижит


Амстердам- Холандската кралица Максима блескаше во црвена тоалета и тијара како наследство додека му се придружи на кралот Вилем-Александар на државниот банкет што се одржа во чест на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во вторникот вечерта.

Одржан во раскошната околина на Кралската палата во Амстердам, државниот банкет беше блескав централен дел од државната посета на Макрон на Холандија. Во согласност со кодексот на облекување со бела вратоврска, кралицата Максима (51) носеше сензационална креација на Claes Iversen со драматични балон ракави и деколтесо отворени рамења. Кралицата, позната по својата раскошна смисла за облекување, од накит избра бисерни обетки и ѓердан. Но, круна на славата беше беше античката бисерна тијара.

Според The Court Jeweller, тијарата била направена во 1900 година со  бисери кои се во холандското кралско семејство од 17 век. Првично го носеше холандската кралица Вилхелмина, најдолготрајниот холандски монарх и прабаба на кралот Вилем-Александар, и стана миленик на генерации кралски жени. Максима го носеше и Големиот крст од Орденот на Легијата на честа.
Во меѓувреме, Брижит Макрон (69) изгледаше типично шик во индиго фустан со долги ракави со метални детали . 

Кралицата Максима, исто така, ја засена првата дама на Франција при пречекот кога избра капут во боја на сенф и турбан, наспрема елегантниот едноставен изглед на Брижит Макрон во кралска тегет боја. 

Патувањето на Макрон во Амстердам и Хаг е прва државна посета на Холандија на француски лидер по онаа на Жак Ширак пред 23 години. Во вторникот, претседателот Макрон беше прекинат за време на говорот од демонстранти кои држеле транспарент на кој пишувало: „Претседател на насилството на лицемерието“. Тие го оспорија Макрон за неговата одлука да го заобиколи гласањето во францускиот парламент за неговите планови да ја зголеми законската старосна граница за пензионирање за две години, на 62 години. Плановите предизвикаа широки протести и сцени на хаос низ целата земја и доведоа до одложување на посетата на кралот Чарлс на планираната државна посета на Франција, минатиот месец.

Се смета дека кралицата Максима и кралот Вилем-Александар се меѓу европските членови на кралското семејство поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III во Вестминстерската опатија на 6 мај, иако допрва треба да го потврдат своето присуство. Кралот ја прекрши традицијата поканувајќи странски монарси на службата. Белгискиот крал Филип, шпанскиот крал Фелипе Шести и шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф се меѓу крунисаните кралски членови кои ќе бидат меѓу 2.000 гости. (Татлер)