Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја уважи жалбата


 

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција.

Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се депонира во корист на државата и ќе служи како гаранција за обезбедување на неговото присуство во текот на кривичната постапка.

Кривичниот совет спрема Богоев определи и дополнителни мерки на претпазливост. На осомничениот привремено му е одземена патната исправа и му е изречена забрана за преминување на државната граница.

Мерката притвор во траење од 30 дена на Богоев му беше определена на 4 јуни 2026 година, од страна на судија на претходна постапка, а по предлог на надлежниот јавен обвинител.

Богоев, поранешен директор на Царината и поранешен градоначалник на Карпош, се сомничи дека зел мито од 1.800 евра при јавна набавка за одржување на хидиената на граничните премини.