Стави розов кармин – „Авон“ со нова донација продолжува со поддршката на борбата против рак на дојка
На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот
Во месец октомври кој веќе традиционално е посветен на борбата против ракот на дојка, AVON Македонија донира 1.218.000 ден на невладиното здружение Езра кое има за цел да поттикнува иницијативи за развој во здравството, за подобрување на здравствените услуги и подобро застапување и поддршка на пациентите.
Компанијата AVON долги години е активно вклучена во земјава во континуирани хуманитарни кампањи за борба против рак на дојка со цел да се зголеми свесноста за себегрижа и потребата од рана детекција на ракот на дојка. Придонесувајќи на тој начин за постојана едукација на женската популација, започнувајќи од девојките кои се во своите тинејџерски години, а кај кои AVON производите се едни од најомилените.
100% од профитот е од средствата собрани од продажбата на АVON производите од линијата со розова панделка и истите се наменети на за активностите во борба против ракот на дојка. Овој октомври во оваа хуманитарна акција се вклучија 4-те розови нијанси од Avon Ultra Matte карминот, од кој 20% од продажбата е наменета за оваа хумана цел.
Средствата кои се донирани ќе бидат наменети за повеќе клучни активности од проектот кои вклучува донирање на „розови„ пакети кои ќе се доделуваат на 100 новооперирани пациентки на клиниките. Овие пакети наречени “Од мене за тебе„ ќе содржат производи кои се потребни на секоја оперирана жена, перничиња, кебиња, средства за хигиена и освежување, надворешни меки протези, помагала за вежби на рацете, информативни водичи кои се специјално дизајнирани за новите пациентки со сите потребни информации, потребна козметика и креми и др. Пакетите се посебно дизајнирани согласно насоките од веќе оперираните жени кои имаат искуство и знаат што е најпотребно во првите денови од операцијата.
Проектот вклучува бесплатни консултации на околу 200 пациентки со рак на дојка кои ќе имаат можност во нивниот град да добијат консултација и совети од онколог. Исто така, 150 жени и членови од нивното блиско семејство ќе добијат бесплатни консултации со психотерапевт, физиотерапевт и социјален работник, кои се важни во справување со секојдневието и предизвиците на овие пациенти. Здружението, во соработка со младите правници и Правната Аптека ќе обезбедат бесплатни правни совети за сите пациенти кои што ќе побараат поддршка.
За време на сите овие активности, 13 жени ќе се охрабрат преку видео пораки да ги споделат своите приказни и искуства, предизвиците кои кои се соочуваат за време на лекувањето и ќе укажат дека има живот и после ракот, но секој борец треба да добие соодветна поддршка.
“Како компанија која е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование “АVON” континуирано иницира и поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност”. Оваа кауза ќе биде карактеристика за АVON и во иднина, изјави Дана Стојкова – Национален менаџер за продажба во AVON Македонија.
На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Според статистиката приложена од Институтот за јавно здравје, од рак на дојка во Македонија годишно умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години.
Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените.
“Добивме значајна донација која многу ќе ни помогне во реализацијата на планираните активности за што сме посебно благодарни на компанијата AVON која досега многупати се покажата како лидер во поддршка на активности за ракот на дојка. Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојка, а со тоа се зголемуваат шансите за успешно лекување на болеста. Но, директната помош и поддршка на пациентите кои веќе се соочуваат со болеста е еден од клучните фактори за успешно справување во секојдневните предизвици кои ги носи болеста, па затоа креиравме проект кој е дизајниран согласно конкретните потреби на пациентите и нивните семејства. Директната поддршка е континуиран процес и никогаш не треба да застане, но паралелно е потребно и подобрување низ дијагнолстичките услуги, достапност и континуираност на терапиите, и подобрување на здравствените сервиси и легислативи за што нашето здружение се залага од самиот почеток”, изјавија Емануела Додева, претседателка и Лиридона Лимани, извршна директорка од здружението ЕЗРА на средбата со медиумите.
На глобално ниво благодарение на АVON се финансирани повеќе од 16.000.000 прегледи, а вкупните донации за борба против ракот на дојка надминуваат износ од 947.000.000 долари. AVON ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и нивната добросостојба, и е активен поддржувач на кампањи против семејното насилство.
136 години AVON се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните AVON брендови преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време.