Стапи во сила привремената забрана за дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк


Њујорк – Федералната управа за авијација (ФАА) планира привремено да ги забрани летовите на дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк поради широката загриженост на јавноста, изјави гувернерката на државата.  Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, во изјавата нагласи дека разговарала со секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас, кој и рекол дека „ФАА планира да одобри привремени ограничувања на летовите на некои од критичните инфраструктурни локации во Њујорк – таа акција е чисто превентивна Нема закана за тие објекти“.

Дискусиите на таа тема започнаа уште во ноември, кога дрон се појави над Њу Џерси во близина на воен објект. Видеата од силните светла на небото брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа жестоки шпекулации кои се движат од тајни воени вежби до вонземјани, јавија амењрикански медиуми.