Српски аналитичар: Лавров доаѓа во Белград да ја сврти Србија од патот кон ЕУ
Москва се опорави од изненадувањето по гласањето на Белград во Генералното собрание на ОН и сега го зголемува притисокот врз Србија, оценува новинарот и аналитичар Милан Јовановиќ
Неодамна зборував за тоа како мислам дека помина вистинскиот и најпогодниот момент за воведување санкции кон Русија, од самиот почеток кога гласавме за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската агресија врз Украина. Ако тогаш не гласавме така, немаше да разговараме дали и кога да воведеме санкции кон Русија, туку како да опстанеме под санкциите што ни се воведени поради неутралност и еквидистанца кон агресорот и жртвата, вели Милан Јовановиќ, познат српски новинар и аналитичар, кој е претседател на Форумот за безбедност и демократија во разговорот за белградскиот весник „Данас“.
Ако тогаш, кога сите го направија тоа, а ние можевме, го забранивме емитувањето на РТ и Спутник на територијата на Србија, тоа ќе беше, посочува Јовановиќ, добар гест и знак на признание што ќе нѐ поштеди извесно време растечките очекувања кои ќе следат со пакетите на ЕУ санкциите кон Русија.
На прашањето зошто претседателот на Србија е горд на фактот дека и по повеќе од 90 дена руска агресија врз Украина, Србија не воведе санкции кон Русија бидејќи е е неутрална и независна, Јовановиќ одговара:
„Суштината на политиката е да се носат правилни одлуки во вистинско време. Сега е покомплицирано и потешко, а политичките ефекти од одлуката за воведување санкции кон Русија и Србија за приклучување кон надворешната политика на ЕУ нема да имаат толкава политичка лукративност како што би можеше да има, пред се во однос на забрзување на чекорите кон ЕУ и намалување на штетата поради изгубеното време“.
Тој нагласува дека Москва, која и самата беше изненадена од гласањето на Србија во Генералното собрание на ОН, сега се опоравува и го зголемува притисокот врз Србија.
„Таа лицемерно го обвинува Западот дека врши притисок врз Србија додека нејзиниот амбасадор предводи колона која го носи Путин како икона во природна големина низ улиците на Белград во време кога целиот нормален свет е згрозен од руските злосторства во Украина“, вели Јовановиќ и додава:
„Самиот Вучиќ е предмет на уцена од Русија. И тоа не од почетокот на руската воена агресија против Украина, туку речиси од првите денови од неговиот мандат. Спутник, на пример, започна континуирана офанзива против Вучиќ уште кога ја поддржа втората претседателска кандидатура на Томислав Николиќ, директно спротивставувајќи му се на Вучиќ. Не нему лично, туку пред сѐ во смисла на неговото ограничување и сопнување на забрзувањето на евроинтеграциите што го најави Вучиќ.
Не ја разбрав најдобро стратегијата со која Вучиќ на сето ова се спротивстави. Ако имаше стратегија. Особено во контекст на повеќекратните предупредувања, особено од САД и граѓанските организации, а подоцна и од ЕУ, за опасностите од руското влијание за европската интеграција на Србија.
Самиот претседател на Србија е одговорен за рускиот товар под кој се наоѓа. Разговорот со Путин е начелен. Годо кој (сепак) ќе дојде, ќе биде Лавров.
Тој би можел да дојде во Белград на пресвртницата кон ЕУ како скретничар“, оценува Милан Јовановиќ.