Средовечната Кери Бредшо пак диктира трендови: Што ќе се носи сезонава?

САД- Ако мислевте дека новата серија на „Сексот и градот“ насловена „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That) ќе вклучува само трендови на враќање назад од годините на емитување на серијата ХБО (1998 до 2004 година), згрешивте. Според новите фотографии направени на снимањето на новите 10 епизоди треба да очекуваме да видиме и мода од поновите години. За доказ, видете ја Сара Џесика Паркер како во улогата на Кери Бредшо диктира спортски тренд со двојни торби.
На сетот во Њујорк Паркер носеше винтиџ комбинезон од Клод Монтана со цветна јакна, капа со пердув и повеќебојни сандали на потпетица. Бидејќи е Њујорчанка каква што е, што значи дека не може да ги собере сите свои работи во само една торба, актерката носеше со себе не една, туку две чанти-помала и поголема.
Овој тренд не е целосно нов концепт. Трендот со двојни торби за прв пат ја најде популарноста во 2012 година, пред повторно да се појави во 2015 година, и повторно во 2019 година. Сега, кога Бредшо го прифати овој тренд, можеме да очекуваме дека двојнота торба ќе направи уште едно враќање на модната сцена.
Како и во старите денови , според фотографиите од снимањето, ликот на Паркер продолжува да прави смел моден избор.