Србија: Сите приведени од „Не го даваме Јадар“ се пуштени да се бранат од слобода


Сите седуммина активисти на Здружението „Не го давамеЈадар“ се пуштени да се бранат од слобода и против нив во редовна постапка ќе бидат поднесени кривични пријави, изјави адвокатот на уапсените Душан Филиповиќ.

Како што изјави Филиповиќ за Н1, синоќа по полноќ завршил распитот на сите приведени, кои биле сослушани како осомничени.

Тие се пуштени од полициска станица за да се бранат од слобода во редовна постапка, по нивното апсење по блокадата на пругата Лозница-Зворник.

Според Филиповиќ обвинителството не предложило притвор.
Еколошките активисти беа уапсени вчера попладне, по најавената блокада на пругата Лозница-Зворник.