Србија се задолжува за половина милијарда евра – издадени се нови државни обврзници

Владата на Србија донесе одлуки за нови емисии на државни хартии од вредност – едната емисија е 250 милиони евра, а на другата 35 милијарди динари (или речиси 300 милиони евра).
Како што е наведено во одлуките, објавени во Службен весник, Србија издава долгорочни државни хартии од вредност со цел финансирање на буџетскиот дефицит, рефинансирање на доспеаните обврски врз основа на јавниот долг и финансирање на инвестициски и програмски проекти.
Станува збор за долгорочни хартии од вредност – датумот на достасување на првата емисија, во вредност од 250 милиони евра, е 29 јули 2037 година, а годишната купонска стапка е пет проценти.
Втората емисија, која изнесува 35 милијарди динари, има датум на достасување 30 јули 2030 година, а купонската стапка е 4,5 проценти.
Јавниот долг на Србија на крајот на април изнесуваше 38,7 милијарди евра, или 43,9 проценти од БДП, според Министерството за финансии. Во тој период, Србија имаше дефицит во буџетот во износ од 78 милијарди динари.