Србија ја менува аграрната политика


Фото: Б. Грданоски

 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ објави дека државата ќе ја промени својата земјоделска политика оваа година, така што земјоделците кои инвестираат повеќе во производство ќе добијат повеќе поттик од државата.

„Оној што ќе инвестира повеќе ќе добие повеќе од државата. Првата рата ќе ја исплатиме за обработливо земјиште, за растително производство, на сите подеднакво. Втората рата, пред есента, ќе биде следната. Прво, ќе воведеме, за првпат, дека сите оние што имаат ливади и пасишта ќе добијат одредена сума пари, под услов да имаат едно условно грло. Мора да имаат грло добиток, преживари, рече Гламочиќ.

Имено, нема да има ист износ на стимулации за оние кои одгледуваат пченка, но оние кои одгледуваат зеленчук, овошје и цвеќе ќе добијат повеќе, додавајќи дека стимулациите ќе зависат и од износот на инвестициите во работи како што се системи за наводнување, мрежи против град, системи против мраз…

Гламочиќ изјави дека оваа година, за првпат, државата ќе бара правдање за стимулациите со сметки.

„Парите што ви ги дава државата, мора да ги инвестирате во земјоделството“, истакна Гламочиќ.

Тој потсети дека земјоделството добива повеќе од 62 проценти од вкупните државни стимулации, како и дека добива двојно повеќе отколку што придонесува во БДП.

„Ни недостасува самоодржливост, можеби дваесет проценти, кога станува збор за свинско месо. За се друго сме самоодрживи“, рече Гламочиќ.

Запрашан за состојбата во земјоделството, тој изјави дека во моментов најголемите проблеми се во свињарството и млекарството.