Спреј за нос кој ќе ни обезбеди солидна заштита од корна вирус
Губење на мирис и вкус е еден од трите клучни симптоми на Ковид-19, и не само клучен, туку и многу чест – студија спроведена на 24.000 лица заразени со вирусот откри дека дури една четвртина од нив го изгубиле чувството за мирис.
Веќе некое време, експертите тврдат дека вирусот влегува во носната празнина преку ангиотензин-конвертирачкиот ензим ACE-2, а потоа предизвикува привремено оштетување на специјалните нерви, што резултира со губење на мирис, а потоа и губење на вкусот.
Истражувачите веруваат дека ензимот е „влезна точка“ што му овозможува на вирусот корона да навлезе во клетките на телото и да предизвика инфекција. Бидејќи носот е пат за влегување на вирусот во телото, се поставува прашањето дали овој орган треба да биде насочен во спречување на ширење на инфекцијата и развој на ефективни третмани за лекување. Се чини дека е така. Спреј за нос што треба да се испрска еднаш неделно може да обезбеди солидна заштита од коронавирус. Спрејот досега бил тестиран на творови кои примиле две дози на лекот ден пред да бидат изложени на вирусот корона – вештачки создадени молекули кои го стимулираат имунитетот.
Резултатите покажаа дека средството ја намалила репликацијата на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти, што го намалува ризикот од инфекција и ширењето на болеста.
Препаратот ќе биде тестиран на луѓе во следните четири месеци. Производот првично беше развиен за заштита од вируси на настинка и грип, но сè уште чека на одобрување бидејќи сè уште не е докажано дека работи без никакво сомневање.
Сепак, претходните истражувања покажаа дека тој го „забрзува“ антивирусниот одговор во клетките во грлото на здрави доброволци и оние кои страдаат од астма и дека обезбедува продолжена заштита кај глувците од риновируси кои предизвикуваат течење на носот кај луѓето.
Доколку биде одобрен, тоа може да обезбеди дополнителна заштита за оние со зголемен ризик од инфекција со Ковид-19, вклучувајќи ги и постарите лица и оние кои страдаат од одредени здравствени состојби.