Споменикот на мачката Томбили во Истанбул
Томбили (вообичаен турски прекар за буцкаст куќен миленик) била улична мачка која живеела во Зивербеј во истанбулскиот кварт Кадикој.
Мачката станала популарна меѓу жителите од соседството поради тоа што била мила и начинот на кој седела на скалите. Во округот Кадикој секнала култен статус.
Томбили се разболел во 2016 година, а кусо потоа угинал.
Во чест на сеќавањето на мачката, жителите потпишале петиција со 17.000 потписи, да ѝ се изгради споменик.. Градоначалникот Аикурт Нухоглу официјално одобрил.
Локалниот вајар, Севал Сахин, направил скулптура во позата со која мачката се прославила.
Скулптурата свечено е поставена и откриена на 4 октомври 2016 година на Светскиот ден на диви животни.
Стотици луѓе дошле да ѝ се поклонат, а заменикот на градоначалникот зборувал на настанот кој бил пренесуван на националната телевизија.
Оваа фотографија од мачката Томбили и незјиниот споменик стана позната ширум светот благодарение на споделувањето на социјалните мрежи.