Список на намирници кои мора да ги избегнувате ако пиете одредени видови на лекови: Го креваат крвниот притисок во секунда


На луѓето кои земаат одредени видови лекови им се советува да го ограничат внесот на храна која содржи тирамин.

Тираминот е амино киселина која може да се најде во различни видови храна, а кај луѓето кои земаат одреден тип на антидепресиви познати како инхибитори на моноамин оксидаза (МАО), може да предизвика ненадеен скок на крвниот притисок.

За да се избегнат несакани ефекти, луѓето кои земаат ваков тип на лекови треба да ја намалат или целосно да ја избегнуваат храната што содржи тирамин.

„Цитрусното овошје како што се портокалите, грејпфрутите, лимоните, лиметите и мандарини содржат високо ниво на тирамин“, објаснуваат експертите и додаваат:

„Тропските овошја имаат повисоки нивоа на тирамин кога се зрели. Зрелите банани, ананас и авокадо треба да се избегнуваат доколку сте особено чувствителни на тирамин.

Меѓутоа, меѓу одредени видови зеленчук има и такви кои се полни со тирамин.

Според експертите, кисела зелка, кисело цвекло, кисела краставица и кисела пиперка, како и ферментирани производи од соја, како што се тофу и соја сос, содржат тирамин.

Треба да се напомене дека количината на тирамин во храната варира поради различните методи на преработка, складирање и подготовка и се препорачува доколку го земате горенаведениот тип на лек, да го намалите внесот на храна со тирамин.