Спиете со обетки, а не сте ни свесни колку е опасно
Ако не ги извадите обетките пред спиење, еве што може да ви се случи.
Многу жени не ги вадат обетките пред спиење, а не се ни свесни колку е тоа опасно.
Меѓу помалку сериозните последици е можната главоболка која ќе ви го загорчи животот веднаш по будењето. Се јавува ако обетката врши притисок на некој дел од главата, особено ако лежи директно на мал крвен сад.
Постои уште поголем ризик од инфекција, бидејќи кога иглата минува низ ушната школка се собираат разни нечистотии. Може да се појави црвенило, оток и болка. Зголемената хигиена е најдобрата превенција.
Најсериозни последици може да настанат доколку обетката се заглави во косата или постелнината. Ако ненадејно се движите во сон, тоа може дури и да ви го скине увото.
Затоа погрижете се да ги вадите обетките секоја вечер. Единствен исклучок од ова правило се првите шест недели по пирсингот на увото. Тогаш ќе носите само минијатурни обетки.