Спејс Икс го одложи лансирањето на Фалкон 9 до Меѓународната вселенска станица
Лансирањето на ракетата Фалкон 9 на американската компанија Спејс Икс до Меѓународната вселенска станица е одложено за еден ден поради временските услови, соопшти операторот.
Летот првично планиран за 23:16 часот по локално време во саботата (5:16 часот во недела по средноевропско време) од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида, беше одложен поради силните ветрови, соопшти Спејс Икс.
Екипажот со сочинуваат тројца американски астронаути и еден руски космонаут.
Капсулата „Драгон“ со астронаутите, на врвот на ракетата Falcon-9, веќе беше искористена за четири претходни мисии со екипаж. Таа капсула овојпат има четворица патници кои се членови на осмиот екипаж, редовна ротациона мисија обезбедена од Спејс Икс за американската вселенска агенција (НАСА).
Американецот Мајкл Барат е единствениот астронаут од екипажот 8 кој веќе бил на МВС.
Ова ќе биде прво вселенско патување за уште двајца Американци – Метју Доминик и Жанет Епс, како и за Русинот Александар Гребионкин.
НАСА и руската вселенска агенција Роскосмос, кои заеднички управуваат со МВС, воспоставија програма за размена на астронаути, при што секој наизменично превезува член на екипажот од друга земја.
Програмата опстојува и покрај војната во Украина, а МВС сега е еден од ретките примери на соработка меѓу Вашингтон и Москва.
Астронаутите ќе имаат задача да изведат повеќе од 200 научни експерименти за време на нивниот шестмесечен престој.