Спасовски не дава поддршка на „невидено“ за реорганизирањето на владата
-Динамиката за тоа кога ќе биде затворен целиот тој процес, сепак зависи од претседателот на Собранието. За нас е важно да помине процесот низ консултаици во кој што ќе добиеме максимална усогласеност помеѓу политичките субјекти, се со цел Собранието да континуира на еден нормален начин. Така што, јас очекувам дека тој процес ќе се одвива квалитетно, а не да гледаме кога тој би завршил, истакна Спасовски.
Собранието треба да ги донесе законските измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Исто така, и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри.
За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.