Спасовски: И свети Мијалков да е, тоа што го стекнал нелегално ќе му се одземе
Запрашан за коментар, за тоа што вработените од Агенцијата за одземен имот добиваат навреди и закани поради одземениот имот на Сашо Мијалков, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од денешниот увид во градежните активности на новиот објект на полициската станица од Аеродром порача дека без разлика за кого станува збор, тоа што е стекнато на нелегален начин мора да биде одземено. Апсолутно е недозволено, рече Спасовски, да има закани, упатувања, навреди или што било друго заради вршењето на својата работа. Според него, МВР е во постојана координација со раководството на Агенцијата за одземен имот.
„Цврсто стоиме на ставот да ги преземеме сите мерки на заштита и се она што е законска обврска да биде реализирано. Па, не Мијалков, и свети Мијалков ако сака нека е, тоа што го стекнал на криминален начин мора да му се одземе“, порача Спасовски.