Спасени реликвиите од Нотр Дам, настрадаа оргулите


Катедралата Нотр Дам во Париз поседува едни од најсветите реликвии, но и многубројни уникатни богатства, а lokal.fr донесува список на оние кои настрадаа во пожарот, но и на оние кои беа спасени од огнените пламени.

Во катедралата се чуваше дел од Светата круна од трња што ја носел Исус Христос при распнувањето, како и дел од крстот на кој бил распнат.

Додека пожарникарите успеале да ја спасат круната од пожарот во понеделникот, судбината на другите преднети во внатрешноста на 850 години старата катедрала не е позанта.

Некои од предметите се евакуирани од катедралата и сместени во близина во хотелот „Вила“.

Министерот за култура Френк Ристер вели дека другите предмети ќе бидат пренесени на чување во Лувр во вторник или во среда.

Свети реликвии

Најпрестижниот свет предмет е Светата круна од трња, со дијаметар од 21 саннтиметар, обрабена со златна жица.

Пожарникарите кои беа упатени на гасење на катедралата какао највредна ја спасиле круната како и туниката на Луј 13, францускиот крал од 13 век, кој бил прогласен за светец.

Во Нотр Дам се чуваат и две други реликвии од распнувањето на Исус: парче од крстот на кој бил закован и една од шајките со која бил закован.

Во врвот кој падна во пожарот во понеделникот биле сместени три реликвии: дел од Круната од трња и реликвија од Свети Денис и Света Геновева, двајца најславени светци во Париз.

Гилемата оргула

Катедралата има три оргули, а највпечатлива е Големата оргула или органа со пет клавијатури, 109 клавиши и близу 8.000 цевки.

Изградена во 15 век, органата била надградувана постојано, со што станала најголема во Франција.

Таа „преживеала“ во Француската револуција во 18 век, иако зградата била вандализирана, „благодарение на тоа што била користена за свирење патриотска музика“, стои на веб-страницата на катедралата.

Министерот за култура Ристер, вели дека органата „изгледа многу оштетена“.

Витраж

Катедралата има три импресивни витражи вградени во 13 век и реновирани неколкупати.

Оној на јужната страна изгледа недопрено, како и тој на западната страна од зградата, но АФП не може да ја потврди состојбата за витражот на северната страна.

На нив се прикажани пророци, светци, ангели, кралеви и сцени од секојдневниот живот на светците. Во средината на секој од нив има слика од Мајка Богородица, Исус како бебе и Исус како крал кој бдее над небото.

Ѕвоно

Најголемото и најтешко ѕвоно на катедралата е познато како Бурдон Емануел. Поставено пред 300 години, тоа тежи 13 тони, а само клатното тежи 500 кг.

На ѕвоното тенор, кое се смета за еден од најфините примери во Европа, се ѕвони само во специјални моменти како важни католички настани, а нему во 2013 година му се придружија девет помали нови ѕвона.

Ѕвоното преживеа топење за време на револуцијата и заѕвона за да го најави ослободувањето на париз од германската окупација во 1944 година.

Нивото на оштетување на ѕвоната не е познато, но двете ѕвонарски кули на катедралата се релативно недопрени од пожарот.

37 фигури од Двеица марија

Фигура од средината на 14 век која ја прикажува Девицата со Детето, сместена во катедралата е најпопуларна од 37 слични фигури.

Друга фиигура ги прикажува Марија и Исус која го држи телото на синот штотуку симнато од крстот, изработена од францускиот скулптор Николас Кусто меѓу 1712 и 1728 година, а беше сместена зад олтарот со хорот.

Не е познато колку од нив, како и фреските го преживеале пожарот.

Бронзени статуи

Една добра вест е дека 16 бронзени фигури од катедралата – кои ги прикажуваат 12-те апостоли и четворицата евангелисти на Новиот завет, биле однесени на драматичен начин и во моментот се складирани во Бордо.

Претходно, тие стоеле околу врвот-копјето кое падна при пожарот во понеделникот.

Слики

Меѓу 1630 и 1707 година парискиот златарски еснаф секој 1 мај претставувал по една слика, а од 76 постоечки, наречени „Мајски“, 13 беа прикажани во различни капели во катедралата.

На западниот ѕид на капелата на Свети Вилијам е една од најубавите слики во катедралата, „Посетата“ на Жан-Баптист Жувене (1716).