Спасени четири жени завеани на Антарктикот


Антарктик- Кралската морнарица спаси четири жени од научната база Порт Локрој покриена со снег, а оштетениот покрив на базата е саниран.

Четири научнициод Британија поминале два дена завеани во снежна покривка во куќата Брансфилд, која се состои од музеј, продавница за подароци и пошта, кога членовите на морнарицата со помош на мразокршач тргнале кон зградите покриени со снег и почнале да ги ископуваат,  јавува Би-Би-Си.

Мразокршачот на Кралската морнарица редовно ги посетува меѓународните бази како Порт Локрој на Антарктикот, а членот на спасувачкиот тим Ли Морган рече дека е „изненаден од огромната количина снег“ што ги прекри зградите, додавајќи дека тие се „речиси целосно стопени“.

„Добро е и членовите на екипажот да излезат на брегот, а уште повеќе да помогнат. Сите беа среќни и насмеани што ја завршија таа вредна задача“, изјавил полковникот на мразокршачот Ли Морган, пренесе Танјуг.

Според Би-Би-Си, персоналот во Барнсфилд го продолжува својот петмесечен престој во Порт Локрој, поранешна станица за лов на китови која стана туристичка атракција со околу 20.000 посетители во текот на летната сезона.