Спајк Ли претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Франција – Американскиот режисер Спајк Ли е назначен за претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, откако минатогодишниот настан, на кој требаше да претседава Ли, беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Фестивалот во Кан во 2020 година – еден од најголемите настани во филмската индустрија – прво беше одложен од мај до крајот на јуни, а потоа беше откажан. На крајот, организаторите во октомври одржаа тридневен настан , прикажувајќи низа кратки филмови.

Со оглед на тоа што Ковид-19 сè уште беснееше во Франција, фестивалот го закажа изданието 2021 година за 6-17 јули, наместо во мај, како и обично.

„Веќе 30 години, неуморниот Спајк Ли ги поставуваше прашањата од неговата ера … не можевме да се надеваме на помоќна личност да ги доведе во прашање овие бурни времиња“, рече во изјавата претседателот на Канскиот филмски фестивал Пјер Лескур.

Останатите членови на жирито и филмовите избрани за програмата ќе бидат објавени на почетокот на јуни. 74-та награда „Златна палма“ ќе биде врачена на 17 јули.

63-годишниот Ли, кој го направи своето име кон крајот на 80-тите години од минатиот век со филмовите „She’s Gotta Have It“ и „Do the Right Thing“,  освои Гран при на Кан во 2018 година со „BlacKkKlansman“.

Панелот за 2019 година го водеше мексиканскиот режисер и оскаровец Алехандро Гонзалез Инариту.(Ројтерс)