Сос на италијанската готвачка е најдобар сос на светот! Покрај доматите, содржи 2 состојки кои му даваат врвен вкус


Сос од домати, путер и кромид, од италијанскиот готвач Марсела Хазан, е прогласен за најдобар сос во светот.

Многу љубители на италијанската кујна сакаат да подготвуваат тестенини со вкусни сосови кои го носат вкусот на Медитеранот.

Еден од најпознатите рецепти доаѓа од кујната на легендарната италијанска авторка Марсела Хазан, која ги освои срцата на многумина со својот едноставен пристап во готвењето.

Нејзиниот сос од домати, путер и кромид е наречен „најдобар на светот“, а за неговата подготовка се потребни само три основни состојки, кои веројатно повеќето луѓе веќе ги имаат во својата кујна, пишува Mirror.

Овој познат сос е застапен и во книгата „Essentials of Classic Italian Cooking“ и е прогласен за „најдобар во светот“ од публикацијата за храна „Delish“.

Не ви треба многу време за да го подготвите овој едноставен, вкусен сос, а неговиот вкус ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат.

Состојки:

конзерва со домати
1 главица кромид
5 супени лажици несолен путер
сол, по вкус

Подготовка:

Во тава ставете путер и домати. Додадете половина од излупениот кромид и оставете сè да врие 45 минути.