Сопругата на Андреј од ДНК гневна на полицијата и на медиумите што неточно известуваа


Криминалистичка полиција вчера го посетила домот на Андреј од ДНК да го бара него за да даде изјава за немилиот настан во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и тој, затоа што медиумите јавиле дека е жив и е на домашно лекување. 

Гневна на институциите и на медиумите сопругата на Андреј, Наталија Ѓоргиевска, се обрати до јавноста:

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност.

Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.

Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.
Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.

Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ!

Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…“ вели Наталија Ѓоргиевска.