Сообраќајот на мостот кај Башино село по една лента


Јавното претпријатие за државни патишта известува дека врз основа на Одобрение за
времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река
Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес, ќе го стави во
времен режим на сообраќај.

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно со изготвениот Сообраќаен
проект за времено одвивање на сообраќајот и со поставување на соодветна сообраќајна
сигнализација и опрема на патот, а движењето на сообраќајот ќе биде регулирано со
светлосна сигнализација по една сообраќајна лента по средината на мостот.

ЈПДП ги известува граѓаните дека времениот режим ќе стапи на сила 24 часа по
објавувањето на ова известување во електронските и пишаните медиуми.