Соработник на Трамп колабира на говорницата – луѓето почнаа да врескаат (видео)
Советникот на Доналд Трамп за изборната кампања Алекс Брузевиц паднал на бината додека зборувал на гала состанокот на подмладокот на Републиканската партија што се одржал во Њујорк, објавија денеска западните медиуми.
На снимката се гледа како Бружевиц зборува од говорницата, но во еден момент почнува да мрда со зборови, а потоа колабира.
„Заборавам што сакав да кажам“, рече Брузевиц пред да колабира.
Pray for @alexbruesewitz. This looks like a stroke. pic.twitter.com/fGRgGFgdLH
— Billboard Chris 🇨🇦🇺🇸 (@BillboardChris) December 16, 2024
Неколку присутни брзо истрчале на бината за да му помогнат на онесвестениот Бружевиќ, пишува британскиот весник Индипендент.
27-годишниот политички стратег, кој за време на овогодинешната претседателска трка во САД имаше задача да и помогне на изборната кампања на Трамп да привлече млади гласачи, се сметаше дека служи како заменик на Ден Скавин, шеф на кабинетот на Трамп во Белата куќа.