Со тврд предмет ја тепал ќерката, па ја нападнал и сопругата која се обидела да го спречи
Доцна синоќа, уапсен е 49-годишен скопјанец, откако сопругата го пријавила дека со тврд предмет ја тепал нивната малолетна ќерка, а кога таа се обидела да ја одбрани ќерка си, тој ја нападнал и неа.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.