Со ревијален натпревар против Црвена ѕвезда, Брегалница Штип ќе одбележи 100 години постоење

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип слави 100 години постоење. За големиот јубилеј се планира спектакл под рефлектори во градот под Исарот. На 12 септември на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра ревијален фудбалски меч меѓу ветераните на штипска Брегалница и ветераните на Црвена ѕвезда.
– Натпреварот е своевидно одбележување на јубилеј на 100 години постоење на штипската фудбалска гордост!
Најголемите фудбалски имиња од историјата на двата табори ќе бидат актери во еден легендарен фудбалски натпревар кој со сигурност ќе биде спортски настан број 1 во градот под Исарот.
Настанот ќе биде збогатен со целодневна агенда и шоу за публиката. Многу фудбал, дружење, награди, признанија, фотографии за спомен, соопшти ФК Брегалница.
Влезницата за спектаклот е со промотивна цена од 150ден.