Со „порше“ висеше од трети кат на гаража – погледнете го спасувањето (видео)


Жена била спасена откако останала да виси во своето „порше“ на третиот кат од гаража во Корал Гејблс, Флорида, јавуваат американските медиуми.

Според истражителите, се чини дека возачот случајно притиснал на гаста.

Спасувањето е снимено од хеликоптер. Снимката покажува бело „порше заглавено меѓу високо дрво и гаража, при што се чини дека дрвото го спречило паѓањето од третиот кат.

Спасувачите со јаже ја извлекле жената, која е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

„Сигурен сум дека беше прилично потресена, но гледајќи во неа, изгледаше прилично смирено со оглед на тоа колку драматичен беше овој инцидент“, рече шефот на пожарникарството на Корал Гејблс, Ксавиер Џонс.

Вработена во лекарската ординација од другата страна на гаражата рече дека го слушнала моментот на ударот: „Слушнав автомобил како удира, како некој случајно притиснал на гас или се обидувал да тргне многу брзо. Слушнав навистина силен удар, па Мислев дека е судир на два автомобили“.

„Поршето“ е отстрането со помош на кран.