Со додавање на еден зачин, вашата кајгана ќе биде превкусна


Подготовката на кајгана за многумина е рутинска процедура, па затоа мислат дека е доволно само да се изматат и да се испржат јајцата.

Сепак, постои еден мал трик кој ќе го направи вашето јадење многу повкусно.

Ориганото е зачин кој влегува во речиси секое јадење, но на јајцата им дава навистина посебен вкус.

Постапката е следна:

Исецкајте половина главица кромид и пропржете го на масло. Изматете ги и посолете ги јајцата и ставете ги во тавче, а можете да исечкате и малку шунка или сланина. Додадете два прстофати оригано, па можете да додадете и малку ким.

Сето убаво измешајте го и испржете го, а кога ќе биде готово извадете го во чинија на која претходно сте ставиле салфетка, за да се исцеди вишокот масло.

Јајцата можете да ги послужите со чери домати и малку магдонос.