Сменет директорот на „Coty“ откако Кајли Џенер лажела за милијардите

САД– Coty Inc., сопственикот на линијата за убавина на Кајли Џенер, Kylie Cosmetics, именува нов извршен директор неколку дена откако Форбс објави дека Џенер му дала на списанието лажни финансиски информации за нејзиниот бренд.
„Coty“, која минатата година купи мнозински удел во „ Kylie Cosmetics “, го назначи за нов извршен директор Питер Харф, а досегашниот Пјер Лоуби замина од позицијата, во услови на пад на продажбата предизвикана од коронавирус.
Промената во управувањето доаѓа откако акциите на Coty се намалија во петокот, по извештајот на „Форбс“, во кој се тврди дека Џенер – која продала 51% од Kylie Cosmetics на компанијата со седиште во Њујорк за скоро 600 милиони долари – и нејзината мајка и менаџер Крис Џенер, ја засили финансиската вреднсот на брендот за списанието.
Форбс ја исфрли најмладата членка од од кланот Кардашијан-Џенер од листата на милијардери, и покрај тоа што Џенер изјави дека извештајот има „голем број неточни изјави и непотврдени претпоставки“.
Њујоршкиот гигант за убавина го финализира договорот за продажба на мнозинскиот удел во линијата за убавина и за нега на коса на KKR & Co., бидејќи козметичката компанија доживеа пад на продажбата поради пандемијата на коронавирус.
Coty доби инвестиција од 750 милиони долари од ККР, а преостанатите 250 милиони американски долари се очекува да бидат завршени во наредните два месеци. ККР исто така се согласи да купи 60% од акциите во секторот за убавина на Coty и малопродажните бизниси за нега на коса за околу 2,5 милијарди американски долари.
“Го познавам Coty долго време и има многу потенцијали во рамките на оваа компанија. Јас сум задоволен што се вратив на активна лидерска улога. Сите сме полни со енергија од задачата напред – да го водиме Coty најдобро што може биде. Понатаму, во ККР, имаме светски познат инвеститор кој ќе работи заедно со нас во трансформацијата на Коти “, рече Харф во изјавата.
Харф најави дека компанијата преговара со Ким Кардашијан- Вест, најславната од кланот Кардашијан за нова козметичка линија. Ким е во овој бизнис од пред три години, со голем успех како и во промовирањето на парфеми со свој потпис.
Бидејќи потрошувачите се стремат кон природна убавина и помалку шминка, особено додека многумина сè уште се во карантин, Coty инвестира во производи за нега на кожата од брендови како CoverGirl, Sally Hansen и Rimmel. Coty исто така рече дека има за цел нето намалување на фиксните трошоци од приближно 600 милиони американски долари во готовина во текот на следните три години.