Смела мода- цел Холивуд на постоскаровската забава на „Венити феар“ (фото)
САД- „Оскар“ е најпрестижната филмска награда во Холивуд, а традиционалната постоскаровска забава на магазинот „Венити феар“ е забавата на годината и, секој сака да биде таму.
На ѕвездите им е подеднакво важно што ќе облечат на доделувањето на „Оскарите“ и на најголемата холивудска забава. Исто како и наградната церемонија, забавата на „Венити феар“ е во знакот на модата, и славните личности даваат сè од себе за да изгледаат најдобро.
Оскаровската ноќ беше заокружена со оваа традиционална екстраваганца во Беверли Хилс, која речиси секогаш е повозбудлива во однос на модата. Стилски, овoj настан е далеку поинтересен од црвениот килим пред прогласувањето на победниците.