Славниот водител Џими Фелон позитивен на Ковид-19
САД– Џими Фелон испорача некои не толку смешни вести во понеделникот. Водителот на The Tonight Show рече дека бил позитивен на тестот за Ковид, но имал благи симптоми, бидејќи бил целосно вакциниран.
„Еј момци, на првиот ден од нашата празнична пауза бев позитивен на тестот за Ковид. Бев вакциниран и примив бустер доза, што ме направи доволно среќен да имам само благи симптоми“, напиша 47-годишниот водител на социјалните мрежи во понеделникот вечерта. „Благодарам на лекарите и медицинските сестри кои работат толку напорно деноноќно за да не вакцинираат. Му благодарам на NBC што ги сфати протоколите за тестирање толку сериозно и завршивте одлична работа“- сподели Фелон.