Славни фаци на јубилејниот роденден на „Бекстејџ“ – 15 години македонска естрада (фото)
Со голема забава за многу домашни и регионални гости и црвен ќилим, ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“, на ТВ Телма, синоќа го прослави 15. роденден во Скопје.
По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и пијачки, беа доделени награди во повеќе категории: Лила Филиповска е водител на годината, ДНК ја земаа наградата за група на годината,награда зема и ракометната легенда Кире Лазаров, Тамара Тодевска е пејачка на годината, Лозано е пејач на годината, награда добија и Пере од „Нокаут“, Велибор Џаровски- Џаро за трајни вредности…
Еден од најемотивните моменти на вечерта беше кога ДНК, пеејќи ја „Ако утре ме нема“, на видео бимот се менуваа слики од познати уметници, многу македонски легенди кои не напуштија. Меѓу нив и Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“, кој заедно со Марјана Станојковска и со поддршката од тимот ја започна приказната во 2008 година.
На сцената, регионалните ѕвезди ги испочитуваа и гостите и екипата на „Бекстејџ“ со нивните хитови „Миљацка“ и со „9.000“. Во чест на легендата Гоце Николовски, Наум Петрески, Елена Велевска, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, ја испејаа песната „Бисер Балкански“. Оваа оригинална идеја наиде на воодушевување кај публиката.
Фото: Бекстејџ ФБ
Жељко Самарџиќ